Пекабеско ќе ги дистрибуира производите на Суташ

Bez autora
Apr 16 2013

"Суташ", турската компанија која минатата година ги купи капацитетите на Сведмилк" во Македонија, ќе ги користи дистрибутивните услуги на "Пекабеско". Договорот е потпишан на пет години, период за кој "Балканска млекара" - наследникот на поранешниот "Сведмилк", ќе ја користи дистрибутивната мрежа на компанијата "Пекабеско", која е една од најголемите и најраспространетите во земјава. Задоволни сме од постигнатиот договор, како и од довербата која најголемата турска млекарница "Суташ" ја има кон нашата компанија. Уште еднаш покажавме дека "Пекабеско" е водечки бренд не само во месната и сувомесна индустрија, туку и во дистрибутивната и логистичката дејност во Македонија. "Балканска млекара" е најновата во низата на регионални и светски компании и брендови што ги користат дистрибутивно-логистичките услуги на нашата компанија и ни ја даваат својата доверба.

Пекабеско ќе ги дистрибуира производите на Суташ"Суташ", турската компанија која минатата година ги купи капацитетите на "Сведмилк" во Македонија, ќе ги користи дистрибутивните услуги на "Пекабеско".

Како што информираат од компаниите, договорот е потпишан на пет години, период за кој "Балканска млекара" - наследникот на поранешниот "Сведмилк", ќе ја користи дистрибутивната мрежа на компанијата "Пекабеско", која е една од најголемите и најраспространетите во земјава.

- Задоволни сме од постигнатиот договор, како и од довербата која најголемата турска млекарница "Суташ" ја има кон нашата компанија. Уште еднаш покажавме дека "Пекабеско" е водечки бренд не само во месната и сувомесна индустрија, туку и во дистрибутивната и логистичката дејност во Македонија. "Балканска млекара" е најновата во низата на регионални и светски компании и брендови што ги користат дистрибутивно-логистичките услуги на нашата компанија и ни ја даваат својата доверба - изјави првиот извршен директор на "Пекабеско", Слободан Кутревски.

Како што неодамна најави генералниот менаџер на "Суташ" за Македонија, Али Мусвик Созер, "Балканска млекара" ќе започне со работа во мај оваа година. Капацитетот на оваа млекарница е 180 тони млеко дневно, а досегашната инвестиција во нашата земја од 10 милиони евра обезбеди 50 нови вработувања. Оттаму, најавуваат дополнителна инвестиција од 5 милиони евра до крајот на годината, а бројот на вработувањата да достигне до 200.

Инаку, "Пекабеско" располага со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 40 возила и над 50 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор. "Суташ" е седум години водечки бренд во млечната индустрија во Турција. Вработува 4.000 лица, а има 750 милиони литри производство и 69 производи во шест категории. Минатата година "Суташ" ја купи "Сведмилк".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik